Утрински Весник
Свет

Министерот за одбрана на Израел во порака до Хутите ја презеде одговорноста за убиството на Ханија

20241224072151 Big 730x400 48.webp.webp

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац синоќа првпат јавно призна дека Израел на 31 јули годинава во Иран го убил лидерот на радикалната палестинска група Хамас, Исмаил Ханија.

-Во овие денови кога терористичката организација Хути истрелува проектили кон Израел, сакам да им испратам јасна порака на почетокот на мојата изјава: го победивме Хамас, го победивме Хезболах, ја уништивме воздушната одбрана на Иран и имаме штета на производствените мрежи, го соборивме режимот на Асад во Сирија, нанесевме тежок удар на Оската на злото и тежок удар ќе и нанесеме на терористичката организација Хути во Јемен, рече Кац.


Во саботата, ракета истрелана од Јемен не беше пресретната од израелската противвоздушна одбрана и рани најмалку 14 лица во областа на Тел Авив.

-Ќе ја погодиме стратешката инфраструктура (на Хутите) и ќе ја отсечеме главата на нивното раководство, додаде израелскиот министер за одбрана, мислејќи на наследникот на Ханија на чело на радикалната палестинска група Хамас, Јахја Синвар и лидерот на либанското шиитско движење Хезболах – Хасан Насрала.

Можете да прочитате

Детски плач по авионската несреќа – “Спасете ја мајка ми,таа е уште таму”

Најмалку 32 лица ја преживеаја авионската несреќа во Казахстан

Драматични снимки од патници го откриваат хаосот во авионот на Азербејџан Ерлајнс пред несреќата