Утрински Весник
Спорт

Ѓорги Христов назначен за технички директор на ФФМ

Gorgi Hristov.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот македонски репрезентативец Ѓорги Христов е назначен денеска за нов технички директор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Христов, кој за македонската репрезентација одигра 48 натпревари, а во кариерата настапуваше за Пелистер, Партизан, Барнсли, Данфермлајн и Ден Бош, ќе биде задолжен за работата и развојот на младинските национални селекции и фудбалската Академија во рамки на ФФМ.


„Функцијата технички директор во ФФМ за мене претставува чест, но истовремено и голема обврска. Иднината на македонскиот фудбал е во младите, а тоа треба да го сфатиме во вистинска смисла на зборот. Знаеме на каков начин во изминатиот период беа третирани младинските селекции, а посебно академијата. Нашата намера е да го смениме тоа, фокусот да биде во младите. Во програмата на новиот претседател на ФФМ, младинските селекции се еден од топ приоритетите. Заеднички ќе се обидеме да го реализираме тоа“, изјави Христов, кој е носител на тренерска Про лиценца и долги години е вклучен во работата на клупскиот фудбал во Македонија.

„Во разговор со Масар Омерагиќ и Горан Пандев заклучивме дека има голема „дупка“ од таа славна генерација која се пласираше на младинското Европско првенство и мора да се обидеме да го промениме тоа. Едукацијата на тренерскиот кадар и логистиката околу младинските селекции ќе трпи големи промени, а тоа ќе ни донесе резултат во иднина. Во тоа сум сигурен“, додаде Христов во изјава за официјалниот сајт на ФФМ.

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност