Утрински Весник
Скопје

Водата во Скопје е исправна – граѓаните може непречено да ја користат

Voda.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Водата од системот на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, покажал вчерашниот вонреден мониторинг што го извршил Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ по прекинот на водоснабдувањето во саботата.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), мониторингот опфатил девет клучни места: Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош, од каде биле земени примероци од водата за пиење кои потоа биле физичко-хемиско и микробиолошко лабораториски тестирани. Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање било изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимера за верижна реакција метода за микробиолошката анализа.


Според добиените резултати, сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки се во согласност со Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, со што е констатирано дека водата од водоснабдителниот систем на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, наведува ЦУК.

Водоснабдителниот систем на Скопје беше во прекин во саботата, 21.12.2024 година, поради санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа.

Можете да прочитате

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа

Станари во зграда во Кисела Вода се жалат дека се гушат во мирис на марихуана

Екстремно загадено во Скопје, МЖСПП со мерки и препораки