Утрински Весник
Свет

Нетанјаху со закана дека ќе дејствува насилно и решително против бунтовниците во Јемен

Glhwn Netanjahu6 1 .jpg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им се закани на јеменските бунтовници хути дека ќе дејствува со „сила и решителност“, еден ден по нападот на тие бунтовници врз Тел Авив во кој повредија 16 лица.

„На ист начин како што постапивме со сила против вооружените крила на иранската оска на злото, ќе дејствуваме и против хутите… со сила, решително и софистицирано“, рече Нетанјаху.


Израелскиот премиер додаде дека дури и ако е потребно време, „резултатот ќе биде ист како кај другите терористички групи“.

Јеменските бунтовници ја презедоа одговорноста за истрелување балистичка ракета ноќта меѓу петокот и саботата, која израелските сили не успеаја да ја пресретнат.

Можете да прочитате

Поради руски напади на Украина, Полска затвори два аеродрома во близина на границата

Британија се заканува со заплена на руски танкери од „флотата во сенка“

Разговорите меѓу САД и Иран продолжуваат следната недела