Утрински Весник
Балкан

Попладнево во Белград закажан голем протест предводен од студентите

20241222141451 Big 730x400 85.webp.webp

Студентите во Србија за денеска во 16 часот најавија протест во Белград на кој ќе се приклучат и земјоделци, актери, граѓани. Тие заедно бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.

Своето присуство на протестот го најавија земјоделците и актери како форма на поддршка за студентите.


Земјоделците, кои изминативе денови ги блокираа патиштата, а вчера зготвија гулаш за студентите во студентскиот град Нови Сад во знак на поддршка, бараат разрешување на премиерот Милош Вучевиќ, ресорниот министер и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство.

На протестот, како што е најавено, ќе се приклучи и иницијативата „Мостот останува“, која се противи на отстранувањето на Стариот савски мост во Белград. Тие ги повикаа граѓаните да им се придружат.

Неформална група студенти од Универзитетот во Ниш најавија дека денеска исто така во 16 часот ќе организираат протестен собир на студентите и учениците, како и сите граѓани на Ниш.

Студентите во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац се во блокади, а во меѓувреме им се придружија и средношколци од голем број гимназии во Србија.

Акцијата „Застани Србијо“ ја спроведуваат секој ден, кога во 11:52 часот блокираат раскрсници 15 минути, во знак на почит кон 15-те лица кои загинаа при уривање на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград