Утрински Весник
Македонија

Завршен јубилеен концерт „75 години македонски код“ на ансамблот Танец

20241222001847 Big 730x400 8.webp.webp

Националниот ансамбл за народни игри и песни – Танец денеска во Скопје ќе одржи завршен јубилеен концерт „75 годни македонски код“.

На концертот во Националната опера и балет ќе бидат изведени многу музичко-сценски бисери од богатата фолклорна ризницата на Танец, што датираат од различни периоди на делувањето на ансамблот, прекрасните ора и кореографски постановки како „Тешкото“, „Женско чамче“, „Драчевка“, „Свадба“, „Два танца“, „Џамала“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „К’лц нога“, „Копачка“, „Беломорски бисер“, „Малешевка“, „Радовишки собор“ и многу други вокални и вокално-инструментални точки, во изведба на вонсериските национални уметници на ансамблот Танец.


Ансамблот Танец е основан во март 1949 година во Скопје и веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура, и, недвосмислено, еден од главните темели на македонската државност.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата