Утрински Весник
Македонија

Исмаил: ДПМНЕ коленичи пред албанскиот блок – повлечен Законот за интонирање на химната во средните училишта

Levica.jpg

Соопштение на Левица

Владата на ДПМНЕ го повлече Предлог законот за средно образование со кој се предвидуваше почетокот на учебната година да започнува со интонирање на химната!


Ако ви кажат дека го повлекле пошто одредени парламентарни групи го блокирале, не им верувајте, лажат. Затоа што блокирање со новиот Деловник не е можно, можно е само да се одолговлечи 5-6 дена. Пример ви е расправата за актот со кој Власта си отвори место за трет директор на царина, кој Левица го одолговлечи 3-4 дена за да се и формира јавноста и да направи притисок.

Па дури и тогаш, претседателот на ЗКП од ДПМНЕ за 15 мин ги отфрли нашите амандмани и го прекрши Деловник за што доби соодветна кривична пријава.

П.С. Предлогот на овој Закон предвидува интонирање на химната само доколку за тоа има одлука од локалната власт. Левица на ова поднесе амандман кој предвидува химната да се интонира во сите училишта задолжително, без разлика на желбите и ставот на локалната власт

Можете да прочитате

Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот центар во Валона