Утрински Весник
Македонија

Ексклузивно видео: Како изгледа македонската амбасада во Киев по ракетниот напад

Screenshot 20241220 125052 Whatsapp.jpg

Министерството за надворешни работи ја извести јавноста дека денеска при ракетниот напад е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

– При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.


24 Инфо дојде до ексклузивни снимки од Киев во кои се гледа каква е ситуацијата со амбасадата по ракетниот напад. Имено по нападот се гледа искршено стакло по улиците и голема материјална штета.

Инаку зградата на украинската разузнавачка служба се наоѓа во непосредна близина на македонската амбасада па се претпоставува дека токму таа била цел на напад.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Уапсен нарко дилерот кој побегна од полициската станица во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик