Утрински Весник
Македонија

Грозоморни детали: Вања Ѓорчевска била убиена клекната на колена додека ползела по калта

Vanja Gorcevska.jpeg

Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени, според материјалните докази кои Обвинителството на денешното продолжение на судски процес ги презентира пред судот и јавноста, пишува СДК.

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска била жива кога било пукано во неа, кажа Обвинителството на денешното судско рочиште за убиството. Обдукциониот наод не покажал дека претходно била угушена. Пукано е од пола метар, одзади, понадесно. Таа се движела по кал пред да биде ликвидирана. Убиена е клечејќи. Имала кал под ноктите и стисок со врвот на патиките во истaта кал од под ноктите.


Обвинителката Жаклина Трајковска предочи дека Панче Жежовски бил пронајден во дупка длабока три метри со дијаметар од 1,67 метри. Во близина на дупката обвиткана со земја и трња бил пронаден мобилниот телефон на Жежовски како и една чаура од муниција со калибар од 9 мм.

Можете да прочитате

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Стејт департмент: Закани, насилство и политички притисок врз медиумите во Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф