Утрински Весник
Балкан

Косово привремено го забрани увозот на мандарини од Албанија

Mandarina.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Косово денеска соопшти дека ја следи состојбата откако Европскиот систем за безбедност на храна алармира поради пратката со мандарини што доаѓа од Албанија.

АХВ на Косово ги зголеми мерките за контрола за пратката со мандарини и ќе се земаат примероци за тестирање за да се утврди дали има присуство на пестициди над дозволените нивоа.


Пратките со мандарини се запрени на граничните премини меѓу Косово и Албанија во очекување на лабораториски анализи, се додава во соопштението на АХВ на Косово.

Тие наведуваат дека иако АХВ на Косово не била вклучена во најавите на европскиот систем, сепак презела мерки за отстранување на сомнежите.

„Се додека Косово не е вклучено во соопштенијата на РАСФФ, ние преземаме решителни мерки со цел отстранување на сомнежите. Досега нема сомнителни елементи на овие производи“, се заклучува во соопштението.

Можете да прочитате

Србија со најнизок мигрантски притисок од 2015 година

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција

Рама го посети поранешниот претседател на Косово во притвор