Утрински Весник
Скопје

Скопјани се подготвуваат за викенд без вода – ги испразнија рафтовите во маркетите

Screenshot 20241219 164716 Chrome.jpg

Флаширана вода се купува на големо, откако градските служби најавија дека пред полноќ ќе ја затворат главната водовна цевка со што поголем дел од градот ќе остане без водоснабнување, пишува Алфа.

Се прават залихи со оглед дека вода за пиење и хигиена нема да има додека целосно не се санира дефектот. Во дел од маркетите, веќе нема големи шишиња со вода од пет литри.


Дополнително граѓаните се жалат дека ова е дополнителен трошок. Реагираат затоа што санацијата на цевката ќе се прави за време на викенд кога сите се дома, а од градските власти нема информација дали ќе има цистерни со вода низ Скопје, за да им се помогне на жителите во населбите кои ќе останат без водоснабдување.

Немањето вода ќе биде проблем и за функционирањето на клиниките. Одложени се операциите во Клиничкиот центар, а од Министерството за здравство објаснија дека ќе се третираат само итни случаи.

Како што велат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ , вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, односно Чаир, Бутел, Радишани, пластичарска улица до американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда (висока зона), Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и орман. Останатите корисници ќе бидат без вода.

Утринава екипите од „Водовод“ ја испумпуваа водата која беше насобрана кај кружниот тек во Ѓорче Петров, а дефект претходно беше забележан и на булеварот „Никола Парапунов“, во Карпош 4, каде континуирано се излеваат огромни количини питка вода веќе неколку недели.

Можете да прочитате

По повод најавениот недостиг на вода, ИЈЗ излезе со препораки за граѓаните

Герасимовски: Ги поддржуваме македонските писатели, Општина Центар е партнер на сите млади креативци

Водовод: Ќе нема вода 15 часа, да не се предизвикува страв и паника кај граѓаните