Утрински Весник
Македонија

Ќе се снимаат филм, документарец и серија за животот и делото на Тоше Проески

Tose Proeski.jpg

Министрите за култура и за дигитална трансформација, Зоран Љутков и Стефан Андоновски, најавија нов проект посветен на животот и делото на македонската музичка легенда Тоше Проески. Ќе се снимаат игран филм, документарец и телевизиска серија во неколку продолженија кои ќе го проследат неговиот живот и мисија.

Носител на проектот е Македонската радио-телевизија (МРТ), а како копродуценти ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот. Средствата за проектот, во износ од околу 95 милиони денари, ќе бидат обезбедени од Буџетот на земјава, преку Министерството за дигитална трансформација.


„Идејата потекна од МРТ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со Министерството за култура и со Министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства”, истакна министерот Андоновски.

Проектот ќе се одвива во наредните две години, прво во подготовка, а потоа и во снимање.

„Согласноста од семејството на Тоше е потврдена и ние сме подготвени да ја разоткриеме неговата приказна!“, додава Љутков.

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка