Утрински Весник
Македонија

Од утре времен режим на сообраќај на делницата Фариш – Прилеп

Avtopat Skopje Tetovo.jpg

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, во зимски услови, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

“Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки почнувајќи од утре, 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.


АМСМ со потсетување дека од 15.11.2024 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, што ќе трае до 15.03.2025 година.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Од Груевски до Груби: Дипломатските таблици како билет за бегство

СДСМ утре ќе објави нови детали од бегството на Груби, но и индиции за вмешаност на Тошковски и МВР во целиот случај

Ѓорѓиевски: Интересот на граѓаните за еден градоначалник треба да е пред интересот на сè останато