Утрински Весник
Македонија

Арсовска му предложи ТВ дуел на Ѓорѓиевски: Вистината е непријатна за ВМРО-ДПМНЕ

2 Gorsel Galerisi 7.jpg

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку соопштение го повика градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на телевизиски дуел за да ги соочат фактите.

„Навистина е тажно да се читаат соопштенијата на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кои изобилуваат со небулози и докази на функционална неписменост“, наведува Арсовска.


Таа го обвини Ѓорѓиевски дека не е запознаен со основните законски процедури, како што е доставувањето на предлог-буџетот до Советот на Град Скопје во законски утврдениот рок. Според неа, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат „функционална неписменост“ која создава сериозни проблеми за граѓаните.

Арсовска истакна дека меѓуопштинските соработки се одобруваат од Советот на Град Скопје, но советниците од ВМРО-ДПМНЕ или „не знаат да читаат“ или намерно ги блокираат проектите на градоначалниците од својата партија.

На крајот од соопштението, Арсовска го повика Ѓорѓиевски на јавен ТВ дуел за да ги споредат реализираните проекти од неговата програма. „И покрај целосната поддршка во Советот на Кисела Вода, сепак нема реализирано што ветил пред граѓаните“, вели Арсовска, додавајќи дека вистината е непријатна за ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска го искористи повикот и за да го прозове претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој, како што наведува, „одбива телевизиска дебата“.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Интересот на граѓаните за еден градоначалник треба да е пред интересот на сè останато

Чупеска: Голема е веројатноста дека бегството на Груби е помогнато од ДПМНЕ

Грант од ЕБОР за изградба на фотонапонски централи во Битола 1 и Осломеј 2