Утрински Весник
Македонија

Костовски: Тошковски свесно направи конфузија за Ковачевски – мора да се почитува пресумција на невиност

Martin K Sdsm 1 2.jpg

Прес конференција на СДСМ, Матин Костоски – организациски секретар

Прво, сакам да изразам крајно разочарување од тоа каква конфузија се направи во јавноста во однос на екс премиерот Ковачевски кој беше осуден од јавноста и медиумите, додека во реалноста Јавното Обивинителство се уште нема оформено предмет. Според она што досега го дознавме од ЈО се уште нема постапка туку само кривична пријава која допрва ќе видиме дали е основана. Според ЈО станува збор за сосема друг период и друг случај кој очигледно е различен од овој на Груби и Бајрами. Тошковски со своите изјави очигледно намерно се обиде да го вметне и Ковачевски со Груби и Бајрами во истиот предмет. Тоа е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ, политичко етикетирање преку институциите на прогонот. 


Но ова не треба да не чуди затоа што ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за политички реаншизам од првиот ден. Се врши страшна партизација на клучните безбедносни и правосудни институции. За само шест месеци имаме целосно поклопување и преземање на АНБ, масовна партизација во полицијата и назначување на партиски членови на  ВМРО-ДПМНЕ во независниот граѓански надзор на комуникациите.

Имаме поставување на судија во судскиот совет која е сопруга на градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и уште еден кој е братучед на Изет Меџити. Ова јасно укажува дека ВМРО-ДПМНЕ со оваа партизација ќе води и партиски истраги и хајки против поранешни функционери.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јасно и принципиелно кажа и повотрувам дека ги поддржува сите независни и професионални истраги против било кои поранешни и сегашни функционери. Бараме надлежните институции да ги извршат своите обврски непристрасно и темелно, со што ќе се открие вистината. Потсетуваме дека секој функционер, без разлика на својата позиција или партиска припадност, има право на правична постапка и се смета за невин сè додека не се докаже спротивното. Секој обид за политизација или предвремена јавна осуда за лицата опфатени во истрагите ги поткопува принципите на правдата и одговорноста. 

Ги повикуваме сите засегнати страни, вклучително и медиумите, да го почитуваат истражниот процес и пресумпцијата на невиност.

Можете да прочитате

Давкова ги додели признанијата „Македонски квалитет” за 2024 година

Мицкоски од Брисел: Нашето место е тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

Камерите на ГП Блаце биле со празни батерии кога Груби ја минувал границата со Косово