Утрински Весник
Свет

Русин осуден на 20 години затвор затоа што се обидел да ги отруе војниците

20241218094020 Big 730x400 82.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руски воен суд осуди маж на 20 години затвор поради обид за труење војници како поддршка на Украина, соопшти денеска службата за безбедност ФСБ.

Судот го прогласи човекот, жител на градот Барнаул во регионот Алтај во Сибир, за виновен за „обид за напад“ и „обид за велепредавство“ и го осуди на 20 години затвор.


-Овој руски државјанин, роден во 1981 година, стапил во контакт со украинските специјални служби преку социјалните мрежи и ја изразил својата „желба да ги поддржи украинските вооружени сили“, се вели во соопштението.

„Како вработен во менза, тој се обидел да отруе војници кои беа дел од мобилизираниот контингент во Алтај“, снимајќи го процесот за украинските специјални сили, се вели во соопштението.

Анализите покажаа дека супстанцата што ја ставил во храната можела да предизвика акутно труење и можела да биде фатална, се наведува во соопштението

Можете да прочитате

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири