Утрински Весник
Спорт

Македонскиот кајакар Златаров ќе учествува на интернационален натпревар во Кина

20241217074351 Big 730x400 25.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кинеската кајак асоцијација по повод 70 години од основање на реонот Нуџианг во провинцијата Јунан, од денес до 22 декември ќе организира спортски натпревари во кајак на диви води  со учество на натпреварувачи од цел свет. Меѓу натпреварувачите е и Александар Златаров – македонски репрезентативец и член на кајакарскиот клуб Арка-Борец од Велес.

Златаров на овие натпревари во Кина учествуваше и лани во неколку дисциплини. Негов најдобар пласман беше на 6. позиција.


Пред поаѓање за Кина, македонскиот кајакар Александар Златаров за МИА, изјави дека е одлично подготвен и се надева дека со истрајна трка и големо залагање во силната конкуренција ќе се избори да освои подобар пласман од лани.

Натпреварите во кајак на диви води  ќе се одржат на три различни места на реката Нуџианг во градот Лушуи. Во програмата се предвидени натпревари во: кајак класик, кајак спринт, кајак крос, рафтинг и најатрактивната трка „Тигров скок“. 

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност