Утрински Весник
Балкан

Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ, најавува холандскиот шеф на дипломатијата

20241204103756 Big 730x400 16 1.webp.webp

Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп најави дека Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во Европската унија, наведувајќи ја загриженоста за нејзината подготвеност за следната фаза од пристапниот процес, пренесоа српските медиуми.

„Гледаме дека нема доволно напредок во областа на владеењето на правото во Србија, гледаме недоволен напредок во односите меѓу Белград и Приштина, каде Србија има јасна одговорност, а исто така гледаме дека Србија се уште ја нема доволно усогласено својата надворешна политика со надворешната политика на Европската унија“, изјави Велдкамп по средбата со своите колеги во Брисел, јавија холандски медиуми.


Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе ги продолжат консултациите во Брисел за напредокот на земјите-кандидати за членство во ЕУ, а Велдкамп нагласи дека сака да ги убеди колегите да го поддржат неговиот став, „за да не мора Холандија да биде сама“. Тој, сепак, додаде дека за Холандија нема проблем да биде единствената што ќе гласа против.

Можете да прочитате

Од 1 јануари јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен

Сите полициски комесаријати во Албанија добија нови раководители

Малолетниците во Грција осудени за блага деликвенција ќе се интегрираат преку спортот со вклучување во аматерски спортски клубови