Во христијанското училиште Абндант Лајф во Медисон во американската држава Висконсин дошло до пукање во кое загинаа три лица, наставник, ученик и напаѓачот, пренесува АП.
BREAKING: Numerous people injured, fatalities reported after shooting at Abundant Life Christian School in Madison, Wisconsin
pic.twitter.com/QcXSMlPDzj— TV News Now (@TVNewsNow) December 16, 2024
Според информациите кои на прес-конференцијата ги изнесе началникот на полицијата на Медисон, Шон Барнс, напаѓачот бил 17-годишна ученичка која отворила оган во просториите на училиштето.
Жртвите, наставник и ученик тинејџер, починале на местото на настанот. Шест други ученици, кои исто така беа ранети во пукањето, моментално се сместени во локалните болници. Двајца од нив се во критична состојба, додека другите се здобиле со полесни повреди.
Од полицијата потврдија дека напаѓачот починал на лице место, а прелиминарните податоци укажуваат дека таа починала како последица на самоубиство. Иако првата реакција на полицијата била во насока на неутрализирање на заканата, по пристигнувањето на местото на настанот, надлежните откриле дека тинејџерката се самоубила
Пукањето се случило во училиштето „Абндант Лајф“, приватно христијанско училиште со околу 390 ученици, од градинка до средно училиште. Училиштето е познато по својот образовен пристап, а вакви инциденти ретко се случуваат во оваа заедница. По трагедијата училишните власти и локалната полиција заедно со државните органи покренаа истрага за мотивите кои довеле до ваков страшен чин.