Утрински Весник
Балкан

Косово ќе отвара фабрика за оружје

Flag Of Kosovo.svg .png

Косовскиот премиер Албин Курти денеска соопшти дека потпишал договор со турската државна компанија „Макине вр Кимиа Ендустрис“ (МКЕ) договор за изградба на фабрика за муниција во Косово.

По изградбата, предвидено е фабриката да работи како јавно претпријатие и бренд на Косово.


Имавме вежби заедно со турската армија, купивме опрема, муниција и оружје произведени од Турција, а сега е време заедно да произведуваме во нашата земја, истакна Курти на средбата со делегацијата на МКЕ, пред церемонијата на потпишување на договорот.

Курти на Фејсбук објави дека МКЕ се обврзува да пушти во употреба фабрика за муниција која ќе произведува различни калибри, според стандардите на НАТО.

Покрај производствените машини, овој договор вклучува и обука на персоналот, одржување на определено време, како и опрема за тестирање на квалитетот и системи за калибрација. Со почетокот на производството, фабриката ќе работи како јавно претпријатие и 100 отсто локален бренд, напиша Курти на Фејсбук.

Можете да прочитате

Падна автобуска постојка во Нови Сад, за среќа нема повредени

Дефекти во метрото во Солун само две недели по отворањето, патниците пешачеа низ тунелите

Белградско ВЈО: Идентификувани напаѓачите на студенти на ФДУ