Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за претресот кај Груби: Имам сознанија за вмешаност и на други поранешни високи државни функционери

Mickoski Pres 8 12 2024.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конфењренција во Владата зборуваше за акцијата на МВР на повеќе места во државата.

Тој рече дека се работи за организирана група која планирала терористички акции и дека извршила криминални дејства, но и убиства.


Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот не одговори директно на прашањето дали има сознанија дали во случајот со Лотарија е вмешан и експремиерот Димитар Ковачевски.

„Имам некакви начелни информации, но би се воздржал од коментар додека не дојде начелно соопштение од МВР. Претходно кажавме дека ќе има силна робусна борба против организираниот криминал. Можам да кажам дека тој процес започна со елиминирање на условна терористичка келија, за кои има сомневање дека имале намера да прават акции да ја загрозат безбедносната ситуација, но имаа поврзаност со келии во регионот. Имаше информации во текот на ноќта за акција на МВР во одредени средини каде што постојат основани сомненија дека се наоѓаат сторители на многу кривични дела кои се случиле во минатото. Ја користам оваа прилика да им се извинам на граѓаните кои биле сведоци на непријатностите, но верувајте дека постоеја основани сомненија и затоа таа полициска акција мораше да се случи. Верувајте многу од случаите од минатото ќе бидат откриени и обелоденети. Исто така од оние информации кои располагам, знам дека постојат основани сомневања за криминал во Државна Лотарија од поедини поранешни високи функционери“, рече Мицкоски

Можете да прочитате

Давкова ги додели признанијата „Македонски квалитет” за 2024 година

Мицкоски од Брисел: Нашето место е тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

Камерите на ГП Блаце биле со празни батерии кога Груби ја минувал границата со Косово