Утрински Весник
Економија

СДСМ: Кошничката е измама, инфлација од 4,3% во ноември покажувата дека цените веќе се покачени

Super Market 1 1 1.jpg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Измамама со така наречената новогодишна кошничка е во веќе покачените цени на производите на храна и пијалок кои граѓаните ги сведочат во маркетите во изминатиот период.


Власта на Мицкоски им остави време и трговците ги покачија цените. Тоа освеш што го знаат граѓаните го потврдуваат и официјалните податоци на Државнот заводот за статистика.

Инфлацијата во месец ноември е зголемена и изнесува 4,3% а зголемувањето е најмногу како резултат на зголемувањето на трошоците на животот за храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %.

Значи јасно е како ден дека Мицкоски направи дил со трговците дозволувајќи им да се богатат на грбот на граѓаните.

Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците.

Можете да прочитате

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Национална платформа за вработување на Роми

Во Министерството за енергетика потпишување на договорот за изградба на интерконекторот со Грција