Утрински Весник
Свет

Силна експлозија во Романија: експлодира плинска боца, тешко повредени две девојчиња

Vatrogasci.jpg

Две девојчиња на возраст од 2 и 8 години се здобиле со тешки изгореници по експлозија на плинска боца во куќа во Романија. Тие се во тешка состојба по несреќата и се пренесени во болница во Букурешт, според медиумите во регионот.

Двегодишното дете било само во кујната кога кај неа дошло постарото девојче од соседството.


Во просторијата работел шпорет на гас со боци, но во еден момент еден од пламениците останал отворен, без пламен. Набргу потоа, гасот брзо се акумулирал во просторијата и се случила разорна експлозија.

Експлозијата за неколку моменти ја зафатила кујната при што тешко биле повредени двете девојчиња. Семејството на двегодишното девојче кое било во соседната соба се обидело да го изгасне пламенот за децата што поскоро да ја напуштат просторијата.

„Ќерка ми спиеше. Слушнав експлозија, видов како излегува чад. А потоа брзо дојдоа помошници, го изгаснаа огнот и ја одведоа ќерка ми“, вели Никулина Татару, мајка на едно од девојчињата.

Таа веднаш повикала брза помош која ги однела девојчињата во болница со изгореници на 60 отсто и 40 отсто од телото.

„Примивме осумгодишно девојче. Имаше изгореници од трет степен на главата, долните и горните екстремитети“, изјавил докторот.

Нивната состојба се уште е исклучително тешка, па малечките, интубирани и под постојан надзор, беа однесени од аеродромот во Шучава и со авион SMURD беа пренесени во Букурешт на специјализирана медицинска нега, според написите на локални медиуми.

Можете да прочитате

НАСА го одложи враќањето на астронаутите од МВС до крајот на март

Фотографија направена со „Гугл мапс“ реши убиство во Шпанија

Русин осуден на 20 години затвор затоа што се обидел да ги отруе војниците