Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Полицијата презема мерки за синоќешните инциденти во Центар, ова не е прв случај, мора и родителите да поведат сметка

Toskovski Pance Mia.jpg

Полицијата ги засилува активностите пред новогодишните празници. Презема превентивни мерки и консултации со граѓаните за што помало користење пиротехнички средства, но засилено е и нејзиното присуството во трговските центри, како и сите останати места каде има зголемена фреквенција на движење, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски, кој го посети пунктот на обезбедувањето пред Сити мол, рече дека минатата недела во Скопје се одземени 30.000 – 40.000 пиротехнички средства. Вакви акции имало и во Валандово, Свети Николе,…, при што се поднесени соодветни пријави.


-Присутни сме на терен, обезбедувањето комуницира со луѓето, ги следиме состојбите,.. Сите овие превентивни дејства се преземаат за што побрзо откривање каков било криминалитет, тргнувајќи од имотни деликти, разбојништва,…, рече Тошковски.

Во врска со синоќешните инциденти што денеска ги објави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски дека малолетници во Капиштец палеле петарди, Тошковски истакна дека ова не е прв случај.

-Три вакви настани се регистрирани изминатиов период, се поставува од страна на МВР. Најголем дел од лицата се малолетници и во однос на нив се преземаат соодветни постапки. Реагираме, но се повторуваат ваквите несакани настани. Ќе сториме се за превенирање, но преземеме и репресивни мерки ако е потребно. Мора и родителите да поведат сметка, порача министерот.

Можете да прочитате

Држава на старци – Владата размислува празните училишта да ги пренамени во старечки домови

Во М-Нав со години стои купен и неискористен софтвер, поради тоа ограничени се летовите низ македонското небо

Акциска контрола во винички угостителски објекти, лишено од слобода едно лице, затекнати малолетници