Утрински Весник
Македонија

НЕДЕЛНА АНЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Најпрвин сонце и краткотраен пораст на температурите, од петок 20 Декември нов влажен и ладен бран од север

Gfs 0 102 2.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во периодот од утре (понеделник 16 Декември, до четврток 19 Декември) во Македонија следува период на стабилно, суво и многу посончево време. Утре (понеделник) ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.


Наутро ќе биде студено со ниски температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, а особено на високите места и на планините тие во почетокот на новата седмица ќе се спуштаат близу -10 степени, постои можност тие во споменатите места локално да се спуштат и под -10 степени, особено на оние поголеми надморски височини.

Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на пораст, особено од вторник до четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Сепак, од вторник до четврток по котлините особено наутро и претпладне, и повторно во ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, па токму во споменатите места температурата преку ден ќе остане пониска.

Нова голема промена на времето како што најавив следува од петок (20 Декември) па натаму кога ќе бидеме под влијание на нов ладен и влажен воздушен бран кој ќе услови нови пообилни врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување на постојаната снежна покривка на планините  и на Скијачките центри. Одсега гледано, овој ладен бран ќе донесе повремен снег и во пониските места. Сепак, конечна  и официјална анализа околу оваа нова голема промена на времето од петок 20 Декември следува во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Арсовска му предложи ТВ дуел на Ѓорѓиевски: Вистината е непријатна за ВМРО-ДПМНЕ

Засега нема информации дали Судскиот совет ќе го разреши судијата Беџети