Раководството на воените операции на сириските опозициски групи денеска издаде соопштение во кое ги предупредува граѓаните да не крадат јавен имот.
– Секој што ќе земе јавен имот мора да го предаде во најблиската полициска станица во рок од најмногу седум дена, се вели во соопштението и се додава дека секој што прикрива имот ќе одговара, пренесе Ал Џезира.
Се нагласува дека се што е земено мора да се врати за да се обнови работата на сите институции за изградба на нова Сирија.
Сириските бунтовници зазедоа неколку клучни градови во Сирија, вклучувајќи ги Алепо, Хама и Хомс, во брзата офанзива што почна на 27 ноември.
Москва соопшти дека Асад ја напуштил земјата по преговорите со бунтовниците и оти наредил мирен трансфер на власта.