Утрински Весник
Македонија

Во кавадаречко Горна Бошава водата не е за пиење

Gorna Boshava.jpg

Во кавадаречко Горна Бошава има известување од ЦЈЗ дека водата не е за пиење, информираше попладнево на својот фејсбук профил, Ристо Попов, кавадарчанец кој има викендичка во ова село.

Попов кој е поранешен новинар,  појасни дека вчера ЈЗУ Центар  за јавно здравје – Велес до селската чешма во Горна Бошава, поставил табла со која се известуваат жителите дека од зголемениот вкупен број на бактерии и вкупен број на аеробни бактерии, се забранува употребата на водата за пиење.


Според него, ваквото предупредување во изминатите две децении било редовно, а поголем број на викендаши вода за пиење носеле од водоводот во Кавадарци, во пластични канти, шишиња и слично. Како што соопшти тој, локалните водоводи речиси во сите  12 населби од Бошавијата, постојано не одговарале на законските прописи. 

– Досега  локалната самоуправа во  Кавадарци  на овој план не покажа ниту малку загриженост и интерес за асанација на објектите и околината, при што потребно е да се воспостави редовна дезинфекција на водата, за да може да се користи како вода за пиење. Излезот од оваа состојба  МЗ од овие села го гледаат во  актуелниот градоначалник Митко Јанчев и  сега веруваат во неговата принципиелност и ветување , состојбата  тој нема да ја игнорира како своите претходници и има сигнали дека наскоро ке се зафати со конечно решавање на овој проблем што ги тишти повеќе од 600 жители во поранешната општина Конопиште, напиша Попов.

Можете да прочитате

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

Беџети: Со антиалбанизам, Мицкоски се обидува да дефокусира

Прогрес: Демократијата е под голем притисок, десничарските партии го користат популизмот за поткопување на институциите