Утрински Весник
Скопје

„Домашно, природно, вкусно“ – Саем на македонска традиционална храна

20241213165835 Big 730x400 74 1.webp.webp

Саем на македонска традиционална храна насловен „Домашно, природно, вкусно“ ќе се одржи денеска од 10:00 до 19:00 часот во City Mall во Скопје.

Саемот е организиран од Националната федерација на фармери и Скопје City Mall, со поддршка од Шведска и организацијата We Effect преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.


Оваа уникатна можност, како што велат организаторите, ќе не поврзе со автентичните вкусови на нашите рурални заедници, претставени од вредните раце на земјоделките и земјоделците.

На штандовите ќе има најразновидни домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала.

-Овој саем е повеќе од изложба – тој е место за поддршка на домашното производство, поттик за еднаквост и интеграција, и вистинска шанса да дознаете повеќе за важноста на локалната храна. За најмладите, организираме и детска работилница со наслов „Да ја зачуваме природата, која ја обезбедува нашата храна“ – едукативно искуство што ќе инспирира грижа за околината, велат од Национална федерација на фармери.

Можете да прочитате

Општина Карпош со повик до граѓаните максимално да придонесат кон подобрување на хигиената 

Поради кражби на електрична енергија селото Света Петка остана без струја

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник” ќе никне простор по мерка на граѓаните