Утрински Весник
Балкан

Дознаките на албанските иселеници за девет месеци достигнале 772 милиони евра

Evra.webp.webp

Податоците на Централна банка на Албанија, покажуваат дека дознаките на иселениците, во периодот јануари-септември, забележале раст од 14 отсто, споредено со истиот период минатата година.

Според податоците објавени во платниот биланс на банката девизните приливи на иселениците во овој период достигнале 772 милиони евра.


Италија, Грција, Германија и Велика Британија водат како земји од кои доаѓаат најголеми приливи поради големиот број албански иселеници кои живеат и работат во овие земји.

Банката забележува дека високите нивоа на дознаки, туристичките трошоци и странските директни инвестиции се главните фактори за силното зајакнување на албанската валута лек, во однос на странските валути во целина, посебно еврото чија вредност е 98 леки, што е историски најниска вредност.

Растот на дознаките доби поттик од иселувањето во последната деценија, со што дознаките од странство станаа важен извор на приходи за албанските семејства и значајна ставка во платниот биланс на земјата.

Од 1992 година кога почнаа првите имигрантски текови, до крајот на 2023 година во албанската економија, преку банките, влегле над 31 милијарди евра.

Обезбедиле приходи од 13 до 20 отсто од семејниот буџет. Значи, секое петто семејство во земјава живее со помош на роднини во емиграција. 

Можете да прочитате

Вучиќ: САД ќе воведат санкции против НИС поради поради руската сопственост

Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања

Маж паднал низ отвор од лифт во Србија