Утрински Весник
Македонија

Конференција „Партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата”

Mito 2.webp.webp

Стопанската комора на Северна Македонија и Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска ја организираат конференцијата „Партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата”.

Како што информираат од Стопанската комора, на настанот ќе се дискутира за партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата, а ќе  се отворат теми и прашања кои се од исклучително значење за ефективна борба против корупцијата.


Вклучувањето на сите релевантни чинители ќе помогне во креирање добри антикорупциски политики и давање насоки за делување во општеството.

Организаторите на настанот најавуваат дека на настанот ќе говорат претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Благоја Пандовски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, како и претставници на Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Можете да прочитате

Апелација ги потврди казните за убиствата на Вања и Панче, на Ѓорчевски одново ќе му се суди

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

Николовски: Додека регионот оди напред,  добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место