Утрински Весник
Македонија

Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Studeno Vreme.jpg

Времето претпладнево ќе биде облачно со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.


Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Од понеделник времето ќе биде стабилно и суво.

Можете да прочитате

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“