Утрински Весник
Македонија

Давкова присуствуваше на одбележувањето на 30 години претставништво на УНХЦР во земјава

Foto 4 5.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со регионалниот директор на Агенцијата на Обединетите нации за бегалци за Европа, Филип Леклерк и присуствуваше на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставување на дипломатски односи со УНХЦР.

На средбата, претседателката упати честитки по повод јубилејот, порачувајќи дека УНХЦР имаше клучна улога во заштитата и поддршката на бегалците, азилантите и лицата без документи и идентитет.


Како потврда за заслугите и улогата на УНХЦР, претседателката ја посочи наградата „Олимписки ловор”, од колевката на мирот, олимпиското движење, која годинава на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз ја доби високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, г. Филипо Гранди од Меѓународниот олимписки комитет.

Во разговорот со Леклерк, таа изрази благодарност до УНХЦР за тридецениската соработка со македонските власти во областа на унапредувањето на човековите права, заштитата на бегалците, како и градењето инклузивно општество и ја истакна подготвеноста за натамошно јакнење на партнерството и учеството во регионалните и глобалните хуманитарни иницијативи.

Претседателката е горда што беше дел од пратничкиот состав што ги донесе измените на соодветните закони, со чија примена се реши статусот на повеќе стотици лица без документи и идентитет, главно бегалци и неслучајно доби посебно признание од г. Филипо Гранди за пионерската улога во заштитата на бегалците.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, беше одржана дискусија за минатите искуства на УНХЦР и Владата во однос на бегалците и беше поставена изложбата „Црни и бели животи”.

Можете да прочитате

Внимателно возење: Магла на планинските превои Ѓавато и Плетвар

Исчезна 12-годишно дете од Злокуќани, утрово се качило во погрешен автобус

ДКСК почна со антикорупциска проверка на измените на Законот за јавните набавки предложени од ВМРО-ДПМНЕ