Утрински Весник
Свет

Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината

Screenshot 4.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп е прогласен за „Личност на годината“ од магазинот „Тајм“, пишуваат американските медиуми.

Новоизбраниот претседател на САД ги победи принцезата од Велс и Илон Маск, кои исто така беа во потесниот избор.


Скај Њуз пишува дека Трамп, кој преживеа два обиди за атентат во изминатите неколку месеци, наградата ќе ја прослави со удирање во звоното (отворање) на денешната њујоршката берза.

Бизнис магнатот, 78-годишниот Трамп, беше прогласен за личност на годината од истиот магазин и во 2016 година, годината кога првпат влезе во Белата куќа.

Можете да прочитате

Мелони: Европа мора да се договори за единствен претставник во преговорите за Украина

Во Полска уапсена група осомничена за продажба на делови за оружје на Русија

Масовни протести и генерален штрајк во Франција со барање за значително зголемување на минималната плата