Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Ќе се реконструира дворот и игралиштето во ООУ „Кочо Рацин”

Gerasimovski 12 3.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на одбележувањето на 80 години од постоењето на ООУ „Кочо Рацин” најави низа реконструктивни зафати за училиштата, планирани за 2025 година, според нацрт-програмата усвоена на 42. Седница на Советот на Општина Центар.

„Во текот на наредната година, во ООУ ,,Кочо Рацин” се предвидува партерно и хортикултурно уредување на дворот, реконструкција на игралиштето и изградба на потпорен ѕид. Овие проекти се дел од нашата посветеност кон унапредување на образовната инфраструктура”, истакна градоначалникот.


Во своето обраќање, Герасимовски ја потенцираше важноста на образованието, парафразирајќи го патронот на училиштето, Кочо Рацин:
„Големиот Кочо Рацин велеше: ,,Да му го земеш јазикот на народот, тоа значи да му ја земеш душата”! На овој посебен ден, ќе додадам – ако му го одземете образованието на еден народ, ќе му ја одземете иднината. Гледајќи ве тука, посветени наставници и вредни ученици, знам дека нашата иднина е загарантирана”.

Герсимовски потенцираше дека Општина Центар контиунуирано  инвестира во образованието и инфраструктурата во сите осум основни училишта, бидејќи тоа е влог во новите генерации.

„Оваа година, во ООУ „Кочо Рацин” целосно го реновиравме најстариот дел од училиштето, а спортската сала, која со децении беше запоставена, ја реконструиравме темелно. Сега училиштето располага со четири реновирани и целосно опремени кабинети за стручна настава, како и со спортска сала реконструирана согласно највисоките стандарди”, истакна Герасимовски, завршувајки го обраќањето со порака дека овој голем  јубилеј треба да биде поттик за уште поголеми успеси и постигнувања!

Можете да прочитате

(Фото/Видео) Атмосферата на „Зимзоленд“ во Аеродром

Ѓорѓиевски нема прецизни информации дали Владата ќе ги одземе ингеренциите за ЈСП

Радомир Макеларски кум на „Бадник 2025“, здравичар Атанас Петров