Утрински Весник
Свет

Туризмот генерира 3,3 милијарди годишно за мафијата во Италија

20241211095706 Big 730x400 83.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика. Извештајот е заснован на податоци од различни официјални и авторитетни извори, вклучително и националната статистичка агенција Истат и Банката на Италија, јавија италијанските медиуми.

Прометот и профитот на мафијата ќе пораснат во следните години – јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони верници кои се очекуваат во Рим во 2026 година, и идната година кога ќе се одржат ЗОИ на северот на земјата.


„Широката претприемничка ранливост создава идеални услови за контрола на мафијата“.

„Меѓународните настани како што се Олимписките игри во Милано-Кортина во 2026 година и јубилејот во 2025 година само го зголемуваат ризикот од инфилтрација“.

Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската ‘Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно.

Камора, која главно работи во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.

Организациите или поседуваат акции во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимни бизниси.

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј