Утрински Весник
Економија

Трошоците на живот во ноември на годишно ниво повисоки за 4.3

Market.webp.webp

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4.3 %, а цените на мало од 4.0 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1.0 %.


Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.5 %, ресторани и хотели за 0.8 %, облека и обувки, здравје за 0.2 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0.9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст oд 0.3 %.

Можете да прочитате

На својот 80-годишен јубилеј „Реплек“ донираше милион денари за модернизација на Фармацевтскиот факултет

Панел-дискусија на годишната конференција на МАСИТ: За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата

Министерство за финансии исплати 785 милиони денари за поддршка на домашни компаниии