Утрински Весник
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Неделава ќе има слаб локален дожд, на планините снег, а по котлините густа магла!

Meteoalarm.mk 21 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на оваа работна недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно, повремено со слаби локални врнежи од дожд, а на планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе има слаби врнежи од снег. По котлините ќе има појава на магла, а локално таа ќе биде  и густа и ќе се задржи и во текот на денот, со што и температурата ќе остане пониска.

Токму поради очекуваната густа магла по котлините, на возачите им препорачуваме да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила поради намалената видливост, особено во ноќните  и во утринските часови кога маглата ќе биде најизразена.

Во Скопскиот регион исто така во текот на оваа работна недела ќе имаме претежно  магливо време и повремено таа ќе биде густа, особено во ноќните  и во утринските часови.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, додека од средината на оваа недела истите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Од средината на оваа недела пад ќе бележат  и минималните утрински температури и тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Одсега гледано уште поголем продор на ладен воздух од север во Македонија ќе имаме во текот на ноќта недела кон понеделник, односно ноќта помеѓу 15  и 16 декември, но многу појасни информации околу ова и дали овој ладен бран би донесол пообилни врнежи од снег ќе имам во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Четврта регионална експертска средба за Кластер 1 „Основи“

Магла на неколку патни правци