Утрински Весник
Македонија

Успешно засадена СОНЧЕВА ГОРА 2024

3f6a7274.jpg
Dik 300x250 mk

Трета година по ред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми посветуваат по едно дрво за секои 10 килограми собран отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Денеска се пошумени последните 3.500 садници од вкупните 51 хектари (црн бор, бел бор и Аризона Чемпрес), засадени од страна на Национални шуми. Ова пошумување е именувано СОНЧЕВА ГОРА.

На денешната акција за пошумување „СОНЧЕВА ГОРА” учествуваа над сто и педесет волонтери од Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН, Макстил, Бучим Боров Дол, Костал, Бимилк, Црвен крст, Волонтерски центар Скопје и претставници од општина Старо Нагоричане, истакнувајќи ја важноста дека со колeктивен влог можеме да обезбедиме зелена иднина за нас и за следните генерации.

Во рамките на проектот за само четири години се засадени повеќе од 125.000 дрвја и собрани 915.000 килограми отпад, а досега учествувале над 44.000 пријавени волонтери, од кои повеќе од 10.000 ученици и студенти.

Можете да прочитате

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Одреден притвор на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца осомничени

Мешовитата историска комисија одржа средба, се разговарало за учебниците по историја и општество