Утрински Весник
Македонија

Исплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек

Denari Pari.jpg

Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец ноември е започната на ден 5 декември, а продолжува и денес, односно 6 декември 2024 година.

Со исплатата се опфатени правата од социјална заштита:

-Гарантирана минимална помош;

-Додаток за домување;

-Траен надоместок;

-Еднократна парична помош;

-Право на социјална сигурност за старите лица-социјална пензија;

-Парична помош за азиланти-домување и

-Цивилна инвалиднина.

Исплатата е во тек и за правата од детски заштита:

-Гарантиран детски додаток;

-Посебен додаток,

-Родителски додаток за трето дете,

-Родителски додаток за четврто дете,

-Единствен родителски додаток,

-Паричен надоместок за образование-студирање и

-Еднократна парична помош за новороденче.

Министерството за социјална политика, демографија и млади дополнително ќе ја извести јавноста за датумот на исплата на преостанатите права од социјална заштита (надоместок за помош и нега од друго лице; надоместок заради попреченост; надоместок за сместување во згрижувачко семејство), која ќе биде реализирана во текот на месецов.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство заклучно со 05 декември 2024 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата се спроведува во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 05.12.2024– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;

– 06.12.2024– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можете да прочитате

Панел-дискусија „To be or not to be… студент во Македонија?“

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Четврта регионална експертска средба за Кластер 1 „Основи“