Утрински Весник
Спорт

Јокиќ и Дончиќ со по трипл-дабл – Денвер загуби во Кливленд, Далас го победи Вашингтон

1732874553 Joka.jpg

Кошаркарите на Кливленд ја забележаа третата победа во низа. Овој пат тие ги победија Денвер Нагетс со 126:114 (37:27, 29:35, 36:25, 24:27).

На гостите не им помогна ниту новата одлична игра на лидерот во трката за МВП наградата, Никола Јокиќ. Србинот забележа нов трипл-дабл, имаше 28 поени, 20 скока и 11 асистенции. Со одличниот настап против Кавс, Јокиќ стана играч кој најбргу стигнал до 500 поени, 200 скока и 150 асистенции во една сезона во НБА, уште од 1961 година. За тоа му требаа само 20 натпревари.

Со овој трипл-дабл Јокиќ го престигна Меџик Џонсон на вечната листа и сега има 139 трипл-дабл натпревари во кариерата. Кливленд го реши мечот во третиот период серија од 11:0, кога се одлеи на разлика од 18 поени.

Кај домашните најефикасен беше Донован Мичел со 28 поени, додека пак Мајкл Портер Јуниор му помогна на Јокиќ со 24 поени.

Кливлен со 20 победи и три порази е лидер во лигата, Денвер има скор од 11 победи и девет порази.

Далас Маверикс ги совладаа Вашингтон Визардс со 137:101 (31:22, 37:28, 34:27, 35:24) и на крилата на Лука Дончиќ ја постигнаа 15-та сезонска победа.

Дончиќ забележа нов трипл-дабл. Тој постигна 21 поен и имаше по десет скока и асистенции. Добар натпревар одигра и Кајри Ирвинг кој постигна 25 поени.

Можете да прочитате

Мурињо му одговори на Пеп: Само сакам правда

НБА куп: Оклахома го елиминира Далас, Милвоки го победија Орландо

Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута го победи Интер, Брест е сензацијата во ЛШ