Утрински Весник
Македонија

ИЗГЛЕДИ НА ВРЕМЕТО ЗА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА: Најпрвин натпросечно топло, чести врнежи, а потоа и продор на ладен воздух од север

469122458 8928451287270499 2848778698436916971 N.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Според она што можам во моментов да го кажам и изјавам за јавноста, е тоа дека следната седмица во Македонија количеството на врнежи ќе биде натпросечно, што значи очекуваме почести врнежи и истите повремено ќе бидат пообилни.

Повремено на повисоките места  и на планините ќе има врнежи од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува. Од средината на следната седмица може да очекуваме повторно продор на ладен воздух од север, кој секако би ја спуштил снежната граница  и под 1000 метри надморска височина.

Да напоменам дека во почетокот на следната седмица ќе дува ветер од јужен и од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет. Температурите до крајот на оваа, како и во почетокот на следната седмица остануваат без поголеми промени за разлика од оние кои ги имаме сега.

Можете да прочитате

Бубевски: Случајот „Онкологија“ е најтежок во моментов, се чека вештачењето од Словенија

Бешлиовска: Итно вработување на медицинските сестри – здравствениот систем е во криза

Во сабота во Неготино протест против сообраќајно насилство