Утрински Весник
Македонија

Лефков: Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев

Mile Lefkov 05.12.2024 1.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа и од криминалот со милионските тендери во РЕК каде подизведувачи се фирми блиски до него.

Дали Филипче не се откажува од криминалот во РЕК каде преку фирмите Јавор Транс и Сим Инженеринг како подизведувачи се испумпани милиони?

Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува од сите криминални ликови околу него, кои на грбот на народот спечалија милиони.

Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од Крмзов, кој беше фатен во даночни малверзации.

Филипче со тоа што не се откажува од Заев, не се откажува ниту од неговиот криминал со Глобал, за кој беше аболициран.

Венко Филипче, неврохирургот на Заев и негов потрчко не се откажува од Заев, затоа што тој му е водич и идол.

Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев.

Венко Филипче е претседател на СДС со желба некогаш да има можност да ги преслика криминалите на Заев. Граѓаните таа желба нема да му ја исполнат никогаш.

Можете да прочитате

Влада: Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите 

На Попова Шапка најстудено и најмногу снег

Работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија