Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Со низа акции на пошумување на опожарените места ќе ги вратиме белите дробови на Македонија во функција

Tripunovski.png

„Вработените во ЈП „Национални шуми” имаат пред се редовни примања. Продукцијата на јавното претпријатие на кое што сржта на основата е да продуцира дрвна маса, да има за нашите сограѓани итн. веќе се зголемува. Се работи на одредена реорганизација внатре за да се зголеми продуктивноста”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „За или против” на Алфа телевизија.

Министерот Трипуновски додаде дека на ниво на Влада е формирана работна група во делот на справување и првенција со пожари бидејќи се воочи оваа година дека Македонија нема систем за рано детектирање, првенција и справување со пожари. И се работи на подолгорочна стратегија.

„Веќе сме во комуникација со директорот на ЈП „Национални шуми” периодот за да се спроведат низа на акции за пошумување на оние подрачја кои што беа зафатени од пожар во претходните години”, истакна министерот.

„Се работи и на расчистување на терените кои што беа опфатени од пожарите бидејќи за да имаат обнова на вегетација мора таа опожарена маса да биде извадена, исечена и да биде исчистен теренот”, објасни министерот Трипуновски.

Тој посочи дека и оваа значајна гранка е ставена во приоритет.

„Имаме зголемување на средствата во делот на пошумување за наредните години. И наша обврска согласно Програмата на Влада е да вршиме пошумување на опожарени површини се со цел да ги вратиме белите дробови во една здрава функција”, нагласи министерот.

Можете да прочитате

Од утре ќе се бојкотира наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“

Перински: Без млади, нема иднина, ни за локалната самоуправа, ни за државата

Првиот човек на ФЗО поднел кривични пријави против шест директори на здравствени установи