Утрински Весник
Спорт

Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот

20241204074216 Big 730x400 9.webp.webp

Полската тенисерка Ига Швјонтек го смени својот ПР менаџер поради допинг скандал.

Пола Волицкаја, која со тенисерката соработуваше четири години, ќе си замине од функцијата и на нејзино место ќе дојде Дарија Сулгостовска.

– Речиси четири години соработка со Ига станаа незаборавна авантура за љубителите на спортот и, во исто време, навистина уникатен професионален предизвик. На Ига и на целиот тим им посакувам среќа во нивните понатамошни потфати, а сега отворам простор во мојот професионален живот за нешто ново, надвор од областа на односите со јавноста, ја цитира „Пунто де Брејк“ Волицкаја.

На 28 ноември се дозна дека Швјонтек била позитивна на допинг тест. Во телото на тенисерката е пронајден триметазидин. Според официјалната верзија, изворот на супстанцијата бил контаминиран лек. Како резултат на тоа, беше донесена одлука дека нема значителна грешка или небрежност на спортистката. 

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС