Утрински Весник
Македонија

Завршен настан во рамките на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“

Seksualno I Rodovo Nasilstvo.png

Во рамките на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“ кој УНДП го спроведува со финансиска поддршка од Јужна Кореја, денеска во Скопје ќе се одржи завршен настан.

Како што соопшти МВР, на настанот ќе се обратат помошник министерот за внатрешни работи Муамет Реџепи, раководителката на сектор за меѓународна правна соработка во Министерство за правда Тања Кикерекова, јавната обвинителка во Основно јавно обвинителство Скопје Спасенка Андонова и Ана Чернишова заменичка постојана претставничка на УНДП во Северна Македонија.

На настанот ќе биде презентира и Анализа на законодавството за родово-базирано насилство на интернет, изработена од националната консултантка Неда Чаловска Димовска. 

Можете да прочитате

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан