Утрински Весник
Скопје

Хуманитарен настан „Дарежлив вторник“ во Лабораториум

20241203081046 Big 730x400 66.webp.webp

Хуманитарен настан насловен „Дарежлив вторник“, ќе се одржи денеска, од 18.00- 23.00 во Лабораториум, во организација на Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, заедно со Центар за младински активизам КРИК, Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности-Легис, Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта, ХОПС- Опции за здрав живот и Здружение за едукативен развој Еквалис.

Настанот е со хумантарен карактер и има за цел да ја подигне свеста на младата популација во нашата земја за важноста на реупотребата на користената облека и аксесоари, истовремено поттикнувајќи ги на филантропија и дарување – да се помогне на оние лица во нашите заедници на кои им е најпотребно.

-Ќе бидете во можност да си одберете интересно парче/парчиња облека, акцесоари или да земете учество во некоја од работилниците, а за возврат да оставите донација во донациска каса (секоја организација изложувач ќе има своја донациска каса, одбележана со името на организацијата и наведена цел за која се собираат средствата), стои во најавата.

Движењето „Дарежлив вторник“ е создадено во 2012 година како едноставна идеја: ден кој ги поттикнува луѓето да прават добро. Оттогаш тоа прерасна во глобално движење во кое се вклучени повеќе од 105 земји од целиот свет, меѓу кои и нашата земја стана, и кое инспирира стотици милиони луѓе на овој ден да даруваат, да соработуваат и да го слават добродетелството.

Сите заинтересирани граѓани може да ни се придружат, да шириме добрина и да го прославиме ДАРЕЖЛИВ ВТОРНИК заедно, повикуваат организаторите.

Можете да прочитате

Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот во Скопје, но украсувањето се уште не е започнато

Кран оштетил 110кВ далекувод во Бутел – причина за експлозијата која ја пријавија граѓаните

Граѓаните на социјалните мрежи пријавуваат потрес и експлозија во Бутел