Утрински Весник
Македонија

Јаневска најави К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот

Denari Pari.jpg

Исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 за вработените во образовните институции ќе се случи во текот на овој месец, информираше денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Што значи до 31 декември секако ќе биде завршена исплатата на К-15, вели Јаневска.

Прашана дали ќе има промена на датумите за зимскиот распуст за учениците во основните и средни училишта, Јаневска со дециден одговор дека нема промена, односно учениците со одмор почнуваат од 1 јануари, а распуст завршува на 18 јануари, со што на настава учениците и професорите почнуваат од 20 јануари, во понеделник.

Можете да прочитате

ЛДП: Владата со „нема напредок” доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Ињацио Касис

Истрага против четири лица за изнуда, перење пари и злосторничко здружување, за тројца побаран притвор