Утрински Весник
Македонија

Синоќешните настани во Куманово треба да ги осуди секој граѓанин на оваа земја, вели Муртезани

Orhan Murtezani 1.jpg

Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани ги осуди синоќешните настани во Куманово и оцени дека е можно тие да се предизвикани намерно со цел да создадат дестабилизација, а на полицијата е, вели, да ги истражи и разреши.

Ноќеска во Куманово беа запалени деловен објект на улицата „11 Октомври“ и три автомобили на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“, од кои едното „фолксваген пасат“ било во сопственост на јавниот обвинител и поранешен министер од редовите на ДУИ, Џељал Бајрами.

-Мислам дека за тоа треба да кажат органите на редот и мирот, односно полицијата. Такви настани секако дека не помагаат, дека се можеби намерно дизајнирани да создадат инциденти, тензии, дестабилизации за кои што ние поголем период зборуваме. Секако дека и јас ги осудувам и треба секој граѓанин на оваа земја да ги осуди, бидејќи таквите настани не не водат напред, туку сакаат да не држат тука каде што сме, а и полошо да не вратат назад, вели Муртезани прашан во својство на претставник на коалицијата „Вреди“ која е дел од Владата, за коментар за синоќешните настани во Куманово.

Можете да прочитате

За 35 години од Република Албанија се иселиле 1,8 милиони повеќе лица отколку што се вратиле

Валдата ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

„Бескрајната смена“ во Струга ја отвори дебатата за невидливиот труд на жените