Утрински Весник
Македонија

Просветни инспектори влегоа во училиштето во Челопек, се проверуваат и училишта во Чаир, Струга и Тетово

Pndjoufpegrzkzsr7k8b.jpg

Просветна инспекција влезе во основното училиште „7 Март“ во тетовското село Челопек. Инспекторите на терен треба да утврдат одговорност за организирањето училишна приредба за денот на албанското знаме во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете, информира 24ТВ.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека имале дополнително пријави и за училиште во Чаир и Струга како и две училишта во Тетово.

ДУИ ја критикуваше одлуката на МОН за испраќање на просветен инспекторат во училиштето во Челопек. Тврдат дека ова е продолжение на, како што велат, антиалбанските политики што се спроведуваат во последните месеци. Од партијата од Мала Речица, ваквиот случај го изедначуваат со случај во едно скопско училиште, покажувајќи фотографија од деца во униформи на Комитите.

– Кога во едно македонско училиште во Аеродром децата носеа униформи на Комитите и изведуваа воени поздрави немаше никаква реакција. Во тоа време, сметавме дека е важно децата да не бидат вовлечени во политички и етнички конфликти. – ДУИ.

Министерката Јаневска повика политиката да не се меша образованиот процес. Дел од социолозите за ТВ 24 вела дека училиштата играат клучна улога во промовирањето на вистинските вредности кај децата и дека треба да градат генерации со знаење, во училишна средина која ќе биде основа за градење на мирно и хармонично општество. Ресорната министерка најави дека доколку се утврди прекршување на законите одговорност ќе понесе и директорот и наставниците.

Извор – 24ТВ

Можете да прочитате

Османи: Ако усвоиме резолуција за црвените линии Бугарија може да ја врати декларацијата во парламентот

Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

Од Дрисла до МВР: Пронајдете ги и санкционирајте ги потпалувачите