Утрински Весник
Свет

Во Хаг почнува сослушување без преседан: Како ќе ја заштитиме планетата од климатските промени?

20241202104412 Big 730x400 18.webp.webp

Во Судот на ОН во Хаг денеска ќе почне сослушување без преседан на кое би требало да се усвојат правни упатства за заштита на планетата од климатските промени и да им се помогне на ранливите земји да се борат против разорното влијание на климатските промени.

Претставниците од Вануату и другите острови во Тихиот Океан кои се особено погодени од климатските промени ќе го отворат маратонското сослушување во Меѓународниот суд на правдата (МСП) пред 15-члена судска комисија.

Во текот на следните две недели, повеќе од 100 земји и организации ќе поднесат поднесоци на оваа, што е најголем број досега во судот во Хаг.

Активистите се надеваат дека мислењето на судиите на МСП ќе има далекусежни правни ефекти во борбата против климатските промени. Други стравуваат дека барањето на ОН за необврзувачко мислење ќе има ограничен ефект и оти на судот на ОН ќе му бидат потребни месеци, ако не и години, за да донесе одлука.

Сослушувањето во Палатата на мирот доаѓа неколку дена по жестоката битка за договор за климатски договор на самитот ЦОП29 во Азербејџан.

Делегатите на ЦОП29 на 24 ноември се согласија да обезбедуваат 1,3 милијарди долари годишно на посиромашните земји до средината на следната деценија за да им помогнат во борбата против климатските промени, од кои околу 300 милијарди долари ќе доаѓаат од богатите, индустријализирани земји.

Договорот според кој најбогатите земји ќе издвојат 300 милијарди долари, сиромашните земји го нарекоа „шега“ и „навреда“, додека американскиот претседател во заминување Џо Бајден договорот го нарече „уште еден историски исход“.

Ралф Регенвану, специјален пратеник за Вануату, кој силно ја застапува иницијативата на МСП заедно со другите острови во Тихиот Океан, предупреди дека тие се на „првата линија на влијанието на климатските промени“ и верува дека нивното барање до МСП е клучен момент кој би требало да ги зацрта законските обврски поврзани со климатските активности.

Генералното собрание на ОН минатата година усвои резолуција со која ги насочува судиите да разгледаат две клучни прашања: какви обврски според меѓународното право имаат земјите во однос на заштитата на климатскиот систем од загадување со емисиите на стакленички гасови и кои би биле правните последици доколку државите, преку своите постапки и неактивности значително му штетат на климатскиот систем на планетата и останатата околина. 

Можете да прочитате

Зеленски најави санкции против Грузија

Падна владата на Франција – 24info.mk

Владата во Јужна Кореја понуди колективна оставка